|

Белгискиот дневен весник.........
Белгискиот дневен весник на француски јазик La Derniere Heure (DH), го испечати првото европско издание на весник во 3Д формат. Секој од читателите добива и специјални бесплатни наочари кои овозможуваат преглед на содржината во весникот. Сите фотографии и реклами во специјалното издание на весникот се тридимензионални, но текстуалниот дел остана не променет. Уредникот на DH Хјуберт Леклерк изјави дека поради големите трошоци не планираат во иднина весникот да го издаваат во овој формат. Критичарите во Франција го поздравија весникот, но конечниот резултат го нарекоа „далеку од совршен“. Уредникот откри дека за подготовката на ова издание било потребно два месеци, а форматот на весникот е поголем од нормалниот. На штандовите се најдоа 115.000 примероци. „Слушаме во 3Д во кино, телевизија и во видео игрите, па така и ние тоа го искусивме. Потребно е само неколку минути да се навикнете на фотографиите во 3Д“, рече Леклерк. Сепак, многу луѓе не беа задоволни од матните фотографии на кои тешко било да се фокусираат. |