|

Без двете најголеми звезди....?
Без двете најголеми звезди на тимот, повредените Цеск Фабрегас и Робин Ван Перси, Арсенал ќе се спротистави на Прото во обид да постигне барем еден, а истовременео да се потруди да не прими ниту еден гол, што за „топџиите“ би било доволно за премин во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите, имајќи во предвид дека во првиот меч беа поразени со резултат 1:2. Секако, вакво идеално сценарио посакуваат фановите на Арсенал, но за тоа се прашува и Порто... Португалските „змеови“ веројатно ќе останат без титула во домашното првеснтво оваа сезона (заостануваат 11 поени зад Бенфика), па затоа сите карти ги фрлија на што подобар пласман во натпрварувањето во кое се редовни учесници во изминатите години и добро знаат како да се припремат за ваквите натпревари. Поради тоа не е чудно што тимот на Жезуалдо Фереира во последните 2 кола во исчекување на реваншот на „Емирати“, не успеа да победи. Резултатски, Порто не стои баш најдобро во последно време, но затоа има многу помалку проблеми во однос на Арсенал, пред нивниот меѓусебен дуел. Покрај веќе споменатите Ван Перси и Фабрегас, Венгер нема да може да смета на Киран Гибс, Јохан Џуру, Вилијам Галас и Арон Ремзи. Сол Кемпбел, стрелецот на единствениот гол за Арсенал во Португалија заздраве и ќе конкурира за место во составот. Арсен Венгер нагласи дека одсуството на клучните играчи сепак не смее да биде изговор за него и за неговите играчи.
„Би било идеално ако Цеск може да игра, но и без него ние сакаме да се пласираме во наредната рунда. Постигнавме гол на гости што е голема предност за нас и поради тоа веруваме во конечен успех.“ - рече Венгер.
Фабрегас имено е најдобриот стрелец оваа сезона за Арсенал со 17 голови и дури 15 асистенции. Сепак и Порто има свој Фабрегас, а тој се вика Фалкао. Колумбиецот на 15 натпревари во лигата постигна и толку погодоци, вклупно 24 во сите натпреварување. Еден постигна и против Арсенал.
„Имав среќа да бидам стрелец и да донесам победа на Порто во првиот меч и тоа беше единствениот момент во мојата кариера. Арсенал секогаш е фаборит, меѓутоа, натпреварите во оваа фаза секогаш се тесни и неизвесни.“ - рече Фалкао, стрелец на четири погодоци за Порто во ЛШ.
Низата од 14 натпревари Порто ја прекина на 28-ми Февруари во дуелот со Спортинг, кога беше поразен со резултат 0:3. И еден податок вреден за внимание кој може и повторно ништо да не значи. Имено, поминаа 30 години кога Арсенал последен пат надохнадил минус од првиот меч кога во прашање се европските натпревари. Порто пак, од друга страна, ги изгубил сите свои шест гостувања во Лондон.
Фиоретнтина - Баерн Минхен (20:45), прв меч 1:2
Дури 12 пати Фиорентина изгубила во италјанската лига оваа сезона (само четири тимови имаат повеќе порази) и моментално се наоѓа на десетата позиција на табелата. Баерн во домашното првенство има само 2 порази и од минатато коло го превзеде лидерското место во Бундеслигата. Баварците во Фиренца доаѓаат со минимален капитал од првиот меч во Минхен (2:1), кога со помош на судијата забележаја победа, а играта која тогаш ја прикажаа „бабаврците“ може повеќе да ги загрижи отколку да ги охрабри фановите на најтрофејниот клуб пред новиот одлучувачки дуел со Тосканците.
Тимот на Чезаре Прандели во првенството во Италија забележал само една победа во последните девет натпревари, а во последните 17 натпревари примал погодоци. Но, пред играчите на Фиорентина е можноста за прв пат во историјата на клубот да се пласираат помеѓу најдобрите 8 во Лигата на Шампионите, па затоа и не треба премногу да се трошат зборови за количината на мотивот кој е присутен кај „виолетовите“.
„Мораме да ја вратиме енергијата што е можно порано. Ова е натпревар во кој можеме да влеземе во историјата и мораме да дадеме се од себе.“ - рече Монтоливо.
Фиорентина минатиот викенд запиша нов пораз во првенството на својот „Артемиот Франки“ од Јувентус (1:2). Тренерот Прандели веќе најави со кој состав ќе излезе на дуелот против Германците, а тоа го сочунуваат слединиве играчи: Фреј, Де Силвестри, Натали, Фелипе, Занети, Монтоливо, Маркиони, Варгас, Јоветиќ и Џилардињо.
На спротивната страна, Баерн е без пораз веќе во 18 натпревари. Но во последно време германскито представник не импесионира, посебно не на гостувањата. На последните два во лигата, во Нирнберг и Келн, четата на Луис Ван Гал два пати одигра нерешено. Имено, Баерн не ни брилијираше ни во дуелот против Фиорентина на првиот меч. Дополнителен проблем за Холанѓанецот е повредата на стандардниот дефанзивец, Мартин Демикелис кој во дуелот со Михаел Балак, во пријателскиот меч помеѓу Германија и Холандија заработи фрактура на коската на лицето. Добра вест за Холанѓанецот е дека состојбата со дуото РР, Робен-Рибери е добра и се очекува тие да бидат најголема закана за голот на Фиорентина |