|
Внимание, пијаници на патот! |
| Испечати |
|
|
среда, 10 март 2010 |
|

Во град во Романија.....
Во град во Романија поставен е сообраќаен знак кој ги предупредува возачите на минувачи ’под гас’. Петер Антал, градоначалникот на Печка, гратче близу унгарската граница го нареди на поставувањето на овие знаци, бидејќи градот забележал пораст во бројот на сообраќајни несреќи. „Ние сме на границата, а низ градот постојано беснеат возила со голема брзина. Печка има богат ноќен живот, и мораме возачите и странците да ги предупредиме на граѓаните кои можеби не обрнуваат големо внимание на сообраќајот, враќајќи се од забава“, рече Антал. Тој додаде дека се надева оти предупредувањето ќе има позитивен ефект, а не се грижи дека со тоа ќе ги окарактеризира граѓаните на Печка како толпа пијаници. |