|
вторник, 09 март 2010 |
|

За две-три недели ќе знаете за кого ќе потпишам....
Ѕвездата на Баерн Минхен за француската телевизија TV1 изјави дека за две до три недели ќе каже во кој европски гигант ќе ја продолжи својата кариера. Франк Рибери соопшти само дека во игра се Реал, Барселона, Челзи или останување во Баерн Минхен. „Не е 100% сигурно дека ќе заминам во Реал Мадрид. Барселона исто многу е заинтересирана, а истото важи и за Челзи. Но ова пак не значи дека и ќе го напуштам Баерн Минхен.“ „Се ќе се знае за некои две до три недели“, рече 26-годишниот Рибери. Како пак што пишува шпански Sport Рибери моментално преговара со Баварците за продолжување на договорот кој му истекува во јуни 2011-та година. |