|

Лекарите веруваат дека во случајот........
Лекарите веруваат дека во случајот на 15-годишната девојка спермата до репродуктивните органи стигнала низ дигестивниот тракт кој бил повреден со два убода од нож. Чудната приказна за орален секс, борба со ножеви и најневеројатна бременост, откако неодамна беше објавена на еден блог, повторно ги запрепасти лекарите. Пред 22 години, 15-годишна девојка од мало африканско село во државата Лесото дошла кај лекарите со класични симптоми на бременост. Но, и покрај желбата да и помогнат, докторите биле шокирани кога виделе дека таа нема вагина. Докторите ја породиле со царски рез. Младата Африканка е родена со генетско пореметување наречено аномалија на Мулеровите канали или Мајер-Рокитански-Кустер-Хаусеров синдром. Меѓутоа, пошокантно било тоа што 15-годишната девојка и без вагина останала трудна. Дури ни таа не можела да поверува во тоа. При прегледот на медицинската документација лекарите откриле дека пред 278 дена таа завршила во болница поради убоди од нож во стомакот. Просечната бременост трае 280 денови. „Пред да биде прободена во подрачјето на абдоменот, девојката имала орален секс со новиот партнер. Тогаш ги фатил нејзиниот поранешен дечко кој се разлутил и ја прободел во стомакот“, навеле докторите. Лекарите веруваат дека спермата стигнала до репродуктивните органи по дигестивниот пат. „Спермата е многу тешко да се уништи. Ако од стотици милиони сперматозоиди уништите 90%, уште имате десетици милиони. Тоа бил долг пат од нејзиниот стомак до долниот дел од абдоменот, но сперматозоидите преживеале“, заклучи д-р Питер Шлегел, шеф на одделот на урологија при болницата Вил Корнел во Њујорк. |