|

Туморот на едно тригодишно девојче исчезна сам....
Кога лекарите им соопштија на родителите на тригодишната Либерти Фин дека мораат да ја прекинат хемотерапијата затоа што веќе не можат да ја спасат, тие го очекуваа најлошото. Нивната принцеза имаше тумор на мозокот и неизвесна иднина. Израстокот над окото беше закана за нејзиниот вид, па можеше да предизвика и трајно оштетување на мозокот. Една година подоцна откако е прекината хемотерапијата, се случи чудо. Туморот на општо изненадување на лекарите и родителите исчезна. Масата која и го затвораше оптичките нерви и го ограничуваше видот, толку се намали што веќе не е видлива на скенерот. На девојчето и се врати видот скоро целосно. Либерти имала 10 месеци кога и е дијагностициран туморот, а хемотерапијата во комбинација на јаки лекарства траела 18 месеци. На родителите им е соопштено дека туморот не може да се оперира поради неговата големина и осетливото место. На крајот од третманот, повторно и е скениран мозокот и увиделе дека туморот е намален за 50%.
Се било неизвесно до минатата недела кога последниот преглед покажа дека туморот е исчезнат. „Отидовме во болница и очекувавме да ни кажат дека туморот е зголемен или е останат ист. Не можевме да веруваме кога докторите ни кажаа дека туморот исчезнал“, рече мајката на Либерти, Роуз Фин. Во семејството на девојчето во Бартон се пресреќни и сега сакаат што повеќе време да поминуваат со неа и да уживаат во животот. Докторите сметаат дека туморот исчезнал бидејќи нејзиното тело било силно и упорно. |