|

Освен што е еден.........
Освен што е еден од најшармантните и најдобри глумци во Холивуд, Џорџ Клуни доби и убав комплимент на фраер кој фантастично се бакнува. Каков е во конкретна акција, се уште никој се нема осудено да открие, но драги наши дами, дали би можел да биде лош? Оскаровецот и еден од најголемите шармери во Холивуд, Џорџ Клуни, според зборовите на глумицата Верa Фармигa одлично се бакнува. Тие двајца се сретнаа во филмскиот хит „Ни на небо ни на земја“, во кој нивните ликови романтично се испреплетени. „Секако дека улогата беше фантастична, сценариото и дијалозите се одлични, а главната мотивација за прифаќање на улогата беше играњето со Клуни“, воодушевено кажа 36-годишната глумица.„Тој прекрасно се бакнува, многу нежно и неагресивно. Морам да престанам сега затоа што мојот сопруг ќе полуди од љубомора. Кога го бакнуваш Клуни, тоа е како да си на првиот романтичен состанок во животот“, додаде Фармига на која улога би и завиделе скоро сите жени во светот. |