|
Можеме да го победиме Челзи |
| Испечати |
|
|
четврток, 04 февруари 2010 |
|

Жозе Мурињо смета дека Интер може да го победи Челзи....
Жозе Мурињо смета дека Интер може да го победи Челзи, но само доколку одигра многу подобро отколку на синоќешниот натпревар против Фиорентина.Нероазурите синоќа одиграа неубедлив натпревар против Фиорентина но победија со 1-0. Се ближи почетокот на натпреварите од Лигата на Шампионите, Мурињо смета дека Интер може да го совлада Челзи, но само доколку ја подобри играта. "Да, ние можеме да го победиме Челзи. Можеме но не доколку одиграме како што одигравме против Фиорентина". "Не ме задоволува тоа што немаме континуитет во нашите перформанси" - изјави тренерот на Интер, Жозе Мурињо. Следниот натпревар на Интер е против Каљари во недела. |