e-net Сервиси

DanceFM
Видео Портал
Dneven Horoskop
Public Cam
ТВ Водич
BlaBla
Симни...
Топки
Македонска Берза
Game Сервер

e-net Пријатели

Neotel
MediaPoint
Сите ние сме вонземјани! | Испечати |
четврток, 04 февруари 2010

Реномиран британски научник..........

Реномиран британски научник е поборник на теоријата дека животот започнал надвор од нашата планета, а на Земјата е пренесен со помош на комета, од некој друг планетарен систем.


Водечки британски научник тврди дека луѓето всушност се вонземјани. Професор Чандра Викрамасинге од Универзитетот Кардиф тврди дека неговото ново истражување докажува оти човековиот живот почнал надвор од Земјата.


Овој астробиолог верува дека првите ’семиња на живот’, пристигнале на нашата планета пред 3.800 милиони години. Микробите од вселената дошле на Земјата со комети, а потоа се размножиле за да го обликуваат човечкиот живот.


Неговото дело е објавено во списанието International Journal of Astrobiology, весник на Универзитетот Кембриџ, а во него тврди дека вонземскиот живот дошол на Земјата со помош на комета.


„Сите ние сме вонземјани и делиме еден вселенски предок. Секогаш кога ќе се формира нов систем на планети, неколку преживеани микроби го наоѓаат својот пат до кометите. Тие потоа се множат и засадуваат живот на нова планета“, смета Викрамасинге.


„Ние сме дел од синџирот што се проширил во големи делови од универзумот“, додава тој.


Викрамасинге верува дека животот се пренесува од планета на планета милијарди години, и дека кометите удираат на планетите, истискувајќи ја живата материја во универзумот.


Меѓутоа, дури и ако неговиот модел биде прифатен, се уште не е јасно како животот навистина настанал.


„Астрономските докази укажуваат на тоа дека животот не започнал на Земјата туку дошол од вселената.“


„Иако не знаеме како животот првобитно настанал, факт е дека почнал да се шири во вселената, со што го осигурал својот опстанок“.


Проф. Викрамасинге и неговиот славен колега Фред Хојл еден од најголемите астрофизичари во 20 век кој почина во 2001 година, ја поставија оваа теорија наречена „пансмермиа“ во текот на 60-тите години.

 
< Претходно   Следно >

Најави се на e-net






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште не си регистриран? Регистрирај се

e-net Анкета

Најчесто сурфате од...
 

e-net Метео

Кочани, Македонија
Температура: 14°C
Температура на ветер: 14°C
Влажност: 88%
Брзина: 2 km/h
Насока: 90°
Притисок:  1015.9 mb
E
Покажи прогноза