|
Почитувани посетители. Како најинтересно за нашите потенцијални корисници би бил интернет пристапот.„E-нет“ може да ви понуди 24 часовна интернет врска. А притоа да не морате да плаќате телефонски сметки. Вредно е да се спомене и дека секој наш корисник добива пристап со големи брзини до локалните сервери. „E-нет“ веќе има поставено неколку сервери : Game Server - сервер за игри . Се што треба да направите, е да се договорите со вашите пријатели за времето во кое ќе играте заедно со нив, иако се наоѓаат на другиот крај од градот. Download Server - сервер за даунлоад. Сите наши корисници имаат пристап до локалниот сервер во кој има, Филмови, Музика, Видео Спотови, Игри, Софтвер ... Chat Server - сервер за муабети. Секој корисник на нашата мрежа може да влезе во собите за разговор и да се сретне со своите пријатели или пак да стекне нови.
Покрај горе наведените сервери, понудата на „е-нет“ ја надополнуваат и следниве услуги: Web Portal - Овој портал е извор на информации и забава. На него ќе најдете информации од секаков тип, има за секого по нешто, забава, спорт, еротика, политика, образование и ... Online Radio - По неколку години пауза- повторно , радио „Dance FM“.
Секако „Е-нет“ не ги заборави ни деловните корисници, па и за нив има неколку интересни понуди: VPN - Имате компјутери кои се наоѓаат на различни локации, како да ги поврзете без да ја загрозите вашата приватност и сигурност на информациите? VPN - Virtual Private Network, виртуелна приватна мрежа. Мрежа која ја користи инфраструктурата на безжичната мрежа „Е-нет“, а сепак е одделена од останатата мрежа со што ви се гарантира сигурност и безбедност на вашите податоци. Online Advertising - Сите знаеме дека рекламата го продава производот.„Е-нет“ ви нуди рекламен простор за вашиот бизнис на нашата веб страна. Web Desing - Ако рекламниот простор на нашата страна ви е мал, зошто да не имате сопствена web страна. Тимот на „е-нет“ е способен професионално да ви изработи web страна по најновите светски стандарди ( W3C, xHtml и CSS валидна), страна која ќе котира високо на најголемите светски пребарувачи ( Google, Yahoo, MSN, Altavista, A9 ...), а со тоа и ќе биде поблиску до потенцијалните купувачи. Web Hosting - Нормално за да вашата web страна може да биде посетена во секој момент потребен ви е простор на интернет. „Е-нет“ располага со web сервери кои имаат квалитетна врска со интернет, па вашата web страна ќе го добие потребниот простор.
|