Добредојдовте во безжичниот свет на е-нет „E-нет“, деловната единица на фирмата „МЕДИА ПОИНТ“ Д.О.О.Е.Л, е наменета за развој на безжична мрежа и дистрибуција на интернет и останати мрежни услуги преку истата, на територијата на општина Кочани и соседните општини.
Кратка историја на фирмата Фирмата „МЕДИА ПОИНТ“ Д.О.О.Е.Л со седиште во Трговски центар блок Б,во своите почетоци во 2002 год. учествуваше во изработката на повеќе мултимедијални проекти. Поради квалитетот на изработката следуваа и понуди за изработка на ВЕБ страни и презентации од приватни фирми. Досега „Медиа Поинт“ има изработено повеќе веб страници. „Медиа Поинт“ во февруари 2004 год. го отвори и својот продажен објект во Трговскиот центар блок Б во кој нуди компјутерски конфигурации и компоненти, компјутерска галантерија, аудио и видео опрема, сервис и подршка. Во 2006 година следејќи го развојот на дигиталниот свет „Медиа Поинт“ започна со развој на безжична мрежа и дистрибуција на интернет и останати мрежни услуги преку истата, на територијата на општина Кочани. За таа цел ја оформи новата деловна единица „е-нет“. Профил на деловната единица „е-нет“ Деловната единица „е-нет“ е регистриран Интернет Сервис Провајдер. Реномето на произведувачите на уредите кои се користат (Cisco - LinkSys) како и преку 30-те базни станици гарантираат добра покриеност и интернет-врска на која можете да сметате. „е-нет“ ви ги нуди сите предности на безжичното поврзување: неограничен download; фиксни месечни трошоци; без телефонски линии и телефонски сметки; пристап до локален game сервер; пристап до локален download сервер; пристап до локален chat сервер; пристап до локален web портал; поврзување во виртуелни приватни мрежи на големи растојанија; За повеќе информации за палетата на услуги кои ви ги нуди „е-нет“ можете да најдете во менито | Услуги |.
|